Полициските служби во регионот утринава започнаа голема меѓународна акција на апсење припадници на меѓународна организирана криминална група и наркодилери. Акцијата се спроведува во Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија
Засега во неколку земји се уапсени 50-тина осомничени дилери, а во Дубровник во некои случаи се поврзани и спортисти и угостители.
Весникот Независне новине јавува дека е во тек акцијата „Шетач“ и дека таа се однесува на разбивање на добро организирана група која се занимавала со трговија со наркотици, а меѓу другите и генетски модифицирана марихуана – сканк. Во акцијата биле запленети 350 килограми марихуана-сканк, половина килограм хероин и поголемо количество оружје и експлозиви.