Паднаа пресуди за „Фабриката за афери“


Во скопскиот Кривичен суд денеска беше изречена пресудата за случајот „Фабрика за афери“ за кој се обвинети браќата Захир и Имер Беќири за фалсификување на лични карти и документи.caus5

Захир Беќири Чауш е осуден на 2 години и шест месеци затвор и парична казна од 123.000 денари, а неговиот брат Имер на една година затвор и 61.500 денари во случајот „Фабрика за афери“.

Браќата Захир и Имер Беќири кои сега се осудени, претходно рекоа дека не се виновни и побараа ослободителна пресуда во завршните зборови.

Обвинителството побара затворски казни со тврдење дека дома имале цела работилница за изработка на фалсификувани документи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1