Основниот суд во Приштина денеска го осуди соппственикот на клиниката „Медикус“ Љутфи Дервиша и уште четворица обвинети за нелегална трансплантација на органи, додека двајца ослободи.
Сопственикот на косовската клиника „Медикус“ осуден е на осум години затвор, а неговиот син Арбан на седум години и три месеци, и на парична казна од 10.000 евра односно 2.500 евра.
Цокољ Хајдини е осуден на три години, Абдула Дула на една година, Ислан Битичи на една година условно, а ослободени се Бритон Жилта и Илие Дрецај.
На клиниката коа се наоѓа во близина на Приштина извршени се околу 30 нелегални трансплантации на бубрег. На сиромашни луѓе од Турција, од Русија, од Молдавија и од Казахстан им било лажно ветувано дека ќе добијат до 15.000 евра за бубрег, кој потоа бил продавам на богати пациенти, кои плаќале над 70.000 евра за трансплантација во „Медикус“.
Во отсуство им се судеше на турскиот лекар Јусуф Сонмез и Израелецот Моше Харел.
„Медикус“ беше затворена во 2008 година, а во извештајот на Советот на Европа се наведува дека припадниците на Ослободителната војска на Косово тргувале со органите на заробениците за време на судирот во 1999 година.