ПАЈАК СЛУЖБИТЕ БЕСПЛАТНО ГИ НОСАТ ПОПЛАВЕНИТЕ АВТОМОБИЛИ


Пајак службите на Градски паркинг и на ПОЦ Центар во договор со сопствениците на оштетените возила од кризните региони, бесплатно им ги носат возилата до посакуваната дестинација.13876105_10210153250130543_3992698418811738670_n

Од Градски паркинг велат дека по наредба од кризниот штаб, возилата на жителите од Стајковци ги превезуваат до сервисот „Ацо коп“ и кај селските гробишта, каде теренот е чист и стабилен. Додека, од јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар велат дека ги превезуваат возилата на граѓаните по желба на сопственикот до посакуваната дестинација, а најчесто тоа биле авто сервиси или перални каде ги носат на перење. Од ПОЦ Центар велат дека имаат и обезбедено соодветни капацитети за користење на паркинг места во катната гаража „Судска палата“ за чување на автомобилите во сопственост на граѓаните од кризните региони, со цел спречување на дополнителни материјални штети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1