Австралијанка дала 1.500 долари за два телефони iPhone, но во кутијата со логото на компанијата, наместо телефон, навистина имало јаболки.
Купување на гаџети на интернет често носи и големи ризици затоа што секогаш постои можност за измама и праќање на неисправна или лажна роба.
На таков начин, излажаната 21-годишна девојка од Австралија платила 1.500 долари за да, како што пишува Yahoo, на тежок начин да ја научи разликата меѓу Apple како компанија и Apple како овошје (јаболко).
Имено, таа преку еден интернет оглас сакала да купи нов паметен телефон, а жената која ја контактирала и рекла дека може да и продаде два модела. Договориле средба во еден ресторан во кој Австралијанката дала 1,500 долари за две кутии за кои вели дека изгледале како потполно нови и во кои би требало да се наоѓаат телефоните на Apple, но за време на плаќањето таа не ја прегледала содржината на кутиите.
Кога си дошла дома и ги отворила кутиите, доживеала шок затоа што во нив, наместо телефоните на Apple, се наоѓале – јаболки.
После овој случај, полицијата во Брисбен уште еднаш ги предупредила купувачите да внимаваат кога купуваат преку интернет огласи, и им препорачале да бидат „паметни околу работите кои ги купуват“.
Иако на многу интернет страници во коментарите корисниците ја исмеале оваа девојка (на пример, некои напишале дека „телефоните се попаметни и интелигентни од своите сопственици“), бројот на вакви измами е се поголем.
Бројот на измамени расте, луѓе кои сакале да купат телефон или таблет, досега во кутиите добиле компири, парчиња дрво, стари транзистори и слични работи.