Палел стара облека и предизвикал пожар


Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава против Т.В.(58) од Скопје за кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Полицијата соопшти дека осомничениот во пијана состојба, на 12-ти овој месец околу 15.30 часот, во село Зрзе, собрал поголема количина хартиени вреќи и стара хартија и отишол во дворот на соседот М.С. и со запалка ја запалил хартијата, по што во огнот почнал да фрла стари кебиња и волнени јамболии кои сакал да ги изгори.

Потоа го оставил огнот да гори и отишол да земе други стари работи за горење.Но, кога по кратко време се вратил забележал дека огнот се проширил и настанал голем пожар кој зафатил површина од околу 500 метри сува трева како во дворното место на М.С. така и во неговиот двор.

Пожарот го забележале соседите кои веднаш дошле по што набргу пожарот бил локализиран..

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1