Холивудската актерка Памела Андерсон побарала постојана судска забрана на приоѓање за поранешниот сопруг Рик Соломон. Контроверзната двојка два пати се венчаваше, а сега повторно се разведува.
Нивната бракоразводна судска постапка се уште трае, а актерката барала судот да ја заштити од Рик бидејќи, како што тврди, тој и се заканувал не само нејзе туку и на нејзините синови.
– Ги вознемируваше моите синови, им се закануваше дека ќе ги однесе некаде. Тоа што децата ги вовлече во сето ова е многу, многу бедно и ниско – рекла Памела која два пати се мажеше за Рик, а во февруари трет пат поднесе барање за развод од него.
– Ги праќаше моите голи фотографии на мојот шофер. Не знаев ниту дека ме фотографирал, и сега се обидува со тоа да ме уцени – раскажала Памела и додала дека поранешниот сопруг и отсекол и прамен од косата за да може да го продаде на аукција.