Жителите на една зграда во градот Џинан се во паника затоа што водата од водоводните цевки преку ноќ добила розова боја
-Не можев да им верувам на очите. Мирисаше нормално но мислевме дека е отровна па повикавме полиција и надлежните од водовод-изјави Лио Ванг, еден од станарите.
Станарите се исплашиле дека водата е контаминирана со хемикалии од индустриските фабрики.
Надлежните од водовод откриле дека изворот на розовата вода е безопасна боја која се користи во системите за греење.
-Откривме дека главната водоводна цевка и цевката за греење се заменети. Некој се обидел да краде топла вода за греење без да плати, и случајно ја заменил цевката за целиот блок. Водата е безопасна и постепено ќе истече од цевките, сега кога грешката е поправена-рече службеникот од водовод.