Двајца пациенти, најверојатно татко и син, починале на Инфективната клиника во Скопје, а болеста уште не е позната. Клиника е под карантин, објави порталот „СДК“.
Во 14 часот, во Министерството за здравство, за медиумите состојбата ќе ја објасни д-р Звонко Миленковиќ, претседател на Комисија за заразни болести.
Комисија од Министерството за здравство во моментот ги испитува случајот, односно се утврдува за која болест станува збор. Неофицијалните информации кажуваат дека на Инфективна биле хоспитализирани петмина пациенти од гостиварско, во тешка здравствена состојба, и дека болеста брзо прогресирала, поради што двајца од нив починале.