Паника во Охрид, пропаѓа туристичката сезона


Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески свика вонредна седница на Локалниот економски совет во проширен состав, посветена на актуелната туристичка сезона и појавите на необјективно и тенденциозно известување во некои медиуми за лоша сезона или превисоки цени на услугите, јавува Сител.

ohrid plazaНа состанокот во проширен состав присустуваа и претставници на сите субјети од градот кои учествуваат во креирањето на вкупната туристичка понуда во Охрид, претставници на медиумите, на ХОТАМ, на Националниот комитет за туризам, од угостителскиот еснаф, концесионери на плажи.

– Цел беше да се ги слушнеме нивните размислувања по однос на обидите за креирање лош имиџ за туристичката понуда и одредеување мерки за подобрување на имиџот на градот, како и за објективно прикажување на туристичките показатели – на услугите односно понудата на Охрид како најпозната туристичка дестинација во земјата, истакна Бакрачески.

Тој нагласи дека општ впечаток на учесниците на состанокот е дека обидите за нарушување на имиџот на Охрид, за превисоки цени и некакви аномалии во туристичката понуда, се најблаго речено необјективни и не соодветствуваат на реалноста.

Бакрачески пренесе дека експертите од областа на туризмот се согласни оти цените на услугите во Охрид се прифатливи за секој џеб, зависно профилот на гостите, како и на веќе забележителниот растечки број странски гости во градот и тренд на пад на бројот домашни гости кои летуваат тука.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески смета дека на Охрид му е потребна посебна стратегија за развоен туризам, базирана врз факти, аргументи, а градот реално да ги дефинира своите туристички потенцијали бидејќи според него, само на таков начин ќе ги најде вистинските одговори каде ќе се движи турзимот.

Азески истакна дека автопатското поврзување на градот, постоењето современ аеродром, субвенционирање на туризмот, придонесуваат за подобрување на состојбите во туризмот, но независно тоа, мора да се работи на унапредувањето на состојбите.

Став на експертите е дека покрај мерките и разработување стратегија за во иднина, да се преземат и некои итни мерки, и тоа веднаш, како воведување т.н. „happy hour“ кај угостителските објекти, додека кај хотелите да се работи на зголемување на просечниот број денови на престој, со понуда за пониски цени или гратис ноќевања за продолжен престој, додека истовремено туристичките агенции да работат на привлекување туристи од државите кон кои веќе оперираат субвенционирани евтини авиокомпании.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1