Американскиот Стејт департмент ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат областа во околината на американската амбасада во Турција поради информации дека таму се пука.
-Имаме информации дека се пука во близина на американската амбасада во Анкара и им советуваме на нашите државјани да ја избегнуваат областа додека не добијат други информации, соопшти Стејт департментот.