Пановски: Долг од 16.500 денари многу го чинел Гостивар – Епидемијата ќе беше избегната


Докторот Никола Пановски во објава на Фејсбук остро ја критикуваше, како што вели, нефункционалноста на институциите, посочувајќи дека поради неплатена фактура од 16.500 денари веќе две години е блокиран проект вреден седум милиони евра за водоснабдување во Гостивар.

Тој наведува дека информацијата ја слушнал во телевизиски вести, каде ЈП „Комуналец“ – Гостивар соопштило дека швајцарски грант во вредност од седум милиони евра е блокиран затоа што ЈП за државни патишта (ЈПДП) не издало одобрение за поставување цевковод во должина од 600 метри.

Од друга страна, ЈПДП одговорило дека барањето било поднесено во февруари 2024 година и дека одговорот бил изготвен, но не бил доставен бидејќи комуналното претпријатие не ја платило фактурата за услугата во износ од 16.500 денари.

„Во овој период се сменила и централната и локалната власт. Заклучувам: За 250 евра, закочен е проектот од 7 милиони евра,а епидемијата ќе беше избегната, Гостивар ќе имаше чиста вода под притисок. За 250 бирократски евра, страда цел град, илјадници судбини, а трошоците се многу поголеми од 7 милиони евра“, вели Пановски во својата Фејсбук објава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1