Пановски: Правилно се даваат антибиотици на клиникa, треба да се проверат ковид центрите во внатрешноста


Професорот Пановски посети дел од Ковид центрите на Интерните клиники, направи визита и преглед на пациенти и до министерот Филипче испрати стручно мислење во кое опфаќа три сегменти – оргазнизација на ковид центрите, стручен кадар и со каква терапија се лекуваат болните пациенти, информираат од Министерството за здравство.

– Организационо солидно се поставени центрите, со јасна поделба на зелена и црвена зона, персоналот е адекватно заштитен, а тоа што јавноста треба да го знае, е дека во сите тие центри постојано има присутен пулмолог, а не како што пишуваат по социјалните мрежи дека таму лекувал на пример офталмолог. Со четворица од нив разговарав, со двајца лично, со две преку телефонска видео врска, пишува проф. д-р Никола Пановски.
Во стручното мислење, проф. д-р Пановски се осврнува и за начинот на лекување на болни и заразени со Ковид 19. Тој констатира правилно давање на антибиотици и други лекови, посочувајќи случај, со ковид пациент кој има хронично заболување леукемија, лекарите со соодветна терапија успеале леукоцитите од 120 да му ги намалат на 35, а ЦРП од 300 на 50.
– Што се однесува до терапијата со антибиотици, за дијагнозата пневмонија, се почитуваат протоколите за лекување, и антибиотици се ординираат според клиничката слика, компјутерска слика на белите дробови и комплетни лабораториски наоди, каде се користи и најосетливиот маркер за диференцијација на вирусна од бактериска инфекција, прокалцитонинот. Се почитуваат протоколите за антибиотска терапија на пневмониии, како на пример монотерапија со респираторен кинолон, или комбинација на беталактам (цефтриаксон) со макролид (азитромицина најчесто) и кај тешките форми, каде нема ефект од оваа терапија или постои сомнение за болнички стекната пневмонија, се ординира карбапенем (имипенем или меропенем) со ванкомицин, се вели во дописот на проф.д-р Пановски до министерот Филипче.
Доктор Пановски посочува дека освен во ковид центрите на интерните клиники, треба да се провери како се организирани ковид центрите во внатрешноста. Министерот Филипче смета дека од големо значење е стручната експертиза на д-р Пановски, во борбата против вирусот Ковид 19, па затоа професорот има отворена покана да допринесе со своето знаење и искуство и да посети други ковид центри, во останатите градови низ државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1