Никола Пановски во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека мерките за време на изборите биле одеднаш олабавени.
„Со изборите одеднаш се пуштија мерките. Требаше постепено. И после беше тешко да се вратат“, вели Пановски.
Пановски смета дека карантините не само во Македонија, туку и во Светот биле престроги.
„Цело време кажував луѓето да излегуваат надвор. Карантините беа престроги. Вирусот надвор не се шири“, изјави Пановски.
Пановски во „Клик Плус“ рече дека апсолутно нема потреба кога човек е сам на улица да носи маска. Но „ако сте поблиску до два метри со друга личност, како на корзо во Охрид треба маска, но не ставаат.
Пановски смета дека тестот за коронавирус е безобразно скап, и дека она што се прави по приватните клиники е уште побезобразно, рече дека се очекува кога ќе залади, вирусот повеќе да се шири. За него логично е јануари да биде критичен.
„Логично е јануари да биде критичен месец. Друго е кога дува ветер, друго е кога има магла. И тоа има влијание“, рече Пановски.