Папата Франциско и Сноуден се фаворитите за Нобелова награда за Мир!


Овогодинешната Нобелова сезона започна денес со објавување на имињата на папата Франциско и поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, кои се споменуваат како фаворити за Нобелова награда за Мир.

Бројот на номинации за овогодинешната Нобелова награда за мир достигна 278, со што го собори минатогодишниот рекорд од 259 номинации. Тајниот список на номинирани е завршен но сепак, како и секоја година, некои имиња стигнаа до јавноста.nobelova

Директорот на Институтот за истражување на Мирот во Осло, Кристијан Берг Харпвикен е еден од ретките кои секоја година објавуваат список на фаворити но никогаш не го открива името на добитникот.

Харпвикен оваа година го назначил папата како главен фаворит, пред Сноуден за кого смета дека тој би бил “контроверзен” добитник бидејќи многумина се’ уште го гледаат како “предавник кој го прекрши законот”.

Аналитичарите оценуваат дека постои многу мала веројатност Сноуден да биде одбран бидејќи тоа би предизвикало големи контроверзии, а “Скандинавците се многу лојални кон САД”.

Одлуката за добитникот на Нобелова награда за Мир се очекува во текот на овој месец, а наградата ќе биде доделена на 10-ти декември, на денот кога почина научникот Алфред Нобел, по кого наградата го носи името.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1