Папата прв пат се појави со маска, од младоста бил без едно белодробно крило


Папата Франциск денеска за првпат носел маска додека служел миса за мир во светот заедно со другите верски лидери.

Папата носел бела маска за време на службата во римската базилика Св. Марија. Претходно, тој ја носеше маската само во автомобилот во кој патувал за неделната миса во Ватикан.

Тој се најде на мета на критиките, особено на социјалните мрежи, поради тоа што не носел маска пред својата публика и повремено доаѓал во релативно близок контакт со верниците.

Папата Франциско, 83, беше на миса со другите христијански лидери во базиликата, вклучувајќи го и патријархот Вартоломеј, духовниот водач на православните христијани.

Во исто време, Евреите се молеле во градската синагога. Будистички, сики, хинду и муслимански водачи исто така се молеа за мир во светот.

Настанот е организиран затоа што бројот на инфекции со коронавирус во светот нагло се зголеми во последните неколку недели.

Инфекцијата е потврдена и кај четворица припадници на швајцарската гарда на Ватикан, елитен и живописно облечен корпус кој го штити папата. Годишниот настан бил инициран од покојниот папа Јован Павле Втори и Римокатоличката заедница Сант Егидио во 1986 година.

Папата Франциско ја извади маската додека се обраќаше, како и другите верски лидери, но ја врати веднаш штом престана да зборува.

На Папата му било извадено едното белодробно крило додека тој бил уште млад и живеел во родната Аргентина. Понекогаш имал потешкотии со дишењето по качувањето по скали.

Џастин Велби, архиепископ од Кантербери и духовен водач на англиканската заедница во светот, требало да присуствува на настанот, но не бил во можност заради ограничувањата со пандемијата на коронавирус.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1