Параглајдеристот кој загина кај Охрид бил 30 годишен


paraglajderistПараглајдерист од Унгарија загинал вчера попладне додека се спуштал со своето летало на брегот од Охридското Езеро, кај автокампот Љубаништа.

Неофицијално параглајдеристот бил на возраст од околу 30 години. Тој полетал со параглајдерот од Галичица, но имал несреќа при слетувањето на плажата кај автокампот.

Според првичните информации, немало други повредени туристи при несреќата. Од СВР Охрид потврдија дека имало несреќа, но не можат да соопштат кои се причините.

Оштетено платно на параглајдерот, најверојатно е причина за трагичната смрт на унгарскиот државјанин

,, Платното на неговото летало најверојатно било оштетено, а кога паднал во водата бил изврзан со конците од леталото. Веднаш интервенираа наште спасувачки тимови и неколку луѓе на плажата кои имаа пловни објекти, вели претседателот на Црвениот крст од Охрид Сашо Точков.

Точков појаснува дека параглајдеристот паднал во водата на оддалеченост од околу 50-тина метри од брегот. Тој паѓал во бессознание и повторно се враќал назад, но имал слаб пулс и отежнато дишење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1