Ешли Хајд за малку ќе го загубела видот на левото око, откако паразит почнал да го нагризува.
Паразитот предизвика тешка инфекција на окото, и сето тоа поради контактните леќи кои таа ги користела. Докторите се’уште не се сигурни дали инфекцијата била предизвикана од нечистите раце со кои таа ги нанесувала, нередовното вадење на леќите, или ја имало бактеријата во растворот во кој леќите биле чувани.
Ешли морала да се подложи на десетици болни процедури за да и го спасат окото, вклучувајќи комплициран зафат во кој докторите и направиле дупка во окото.
За среќа докторите успеале да зачуваат голем дел од нејзиниот вид, но Ешли ја чекаат уште многу месеци со дополнителни третмани за да и се врати целосно видот.