Пари паѓаа од небото: Луѓето на Бадник собраа илјадници евра по автопат


Маж кој заборавил да ја земе акт-чантата од покривот на својот автомобил, предизвика воодушевување вечерта на Бадник на автопат во јужниот дел на Германија кога парите почнаа да летаат како дожд и да паѓаат врз автомобилите.133502169-95392

Откако запрел на бензинска пумпа, 62-годишниот маж од Велика Британија заборавил да ја земе чантата од покривот на автомобилот со илјадници евра, соопшти вчера полицијата.

Парите се разлетале по сите ленти на автопатот, а повеќе возачи ги сопреле автомобилите за да ги соберат парите.

Само мал дел од парите, сопственикот упеал да ги добие назад, додаде полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1