Еден од луѓето што го изгубија животот во францускиот масакр е и францускиот херој Лудовик Бубас .
Бубас загина во тетористичкиот напад во Париз, обидувајќи се да ги спаси своите другарки. Тој се наоѓал во кафулето со пријателите, кога терористот влегол и почнал да пука.
Лудовик, кој пријателите го нарекувале Лудо, веднаш се фрлил пред напаѓачот, но не успеал да ги спаси своите пријателки Худа и Халима Саади.
Приказната за неговото херојство ја раскажале негови пријатели за Le Parisien.
“Лудо се фрли за да ја заштити девојката и го погодија куршуми. Сакаше да патува низ светот и ги сакаше луѓето. Беше еден од оние, многу, многу добри луѓе”, рекол еден негов пријател.
Во нападот на кафулето “”Belle Equope” загинале вкупно 19 лица.