Парите ги нема – кој ги зеде 25 милиони што Багдади ги криел во пустината?


Абу Бакр ал Багдади, лидерот на Исламската држава, во иранска пустина сокрил богатство и пари, злато и сребро чија вредност достигнува вредност од 25 милиони долари.

Дел од закопаното богатство на Багдади веќе го нашле локалните ирански фармери.

Тоа го тврди Мухамед Али Сајет, еден од блиските соработници на Багдади чии информации помогнале во лоцирање на лидерот на џихадистите и самонаречениот калиф. Но, Сајет е и во роднински врски со Багдади (оженет е со една од неговите роднини) и припадник е на Исламската држава од 2015 година.

Него пред два месеци го уапсиле во Багдад иранските безбедносни сили и при испитувањето открил детали за движењето и начинот на криење на најбараниот терорист на светот.

„Багдади, како и повеќето лидери на ИД, имаше обичај во пустина да ги крие парите, главно голари, злато и сребро. Тој во подзмени бункери кои ги украсуваше со религиски текстови закопа најмалку 25 милиони долари. Некои од тие бункери во иранската пустиња ги пронашле локалните сточари номади“, рекол Али Сајет и опишал како изгледа еден од тие бункери.

„Долг е околу осум метри, а широк околу пет. Во него има библиотека и многу верски книги, а на ѕидовите има цитати од Коранот. Багдади го криеше богатството за црни денови. Сигурно не очекуваше дека ќе биде откриен затоа што многу се грижеше за својата безбедност“, рекол Сајет.

Посмртните останки на лидерот на Исламската држава погребани се во морето исто како и останките на Осама бин Ладен, лидерот на Ал Каида.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1