Парите за панорамското тркало може да спасат 516 Тамари


Панорамското тркало што ќе биде поставено на мост на реката Вардар, ќе чини 956 милиони денари, односно речиси 15,55 милиони евра. Оваа сума од 15,5 милиони евра е половина од парите за кои се задолжи Владата пред два дена во вредност од 33 милиони евра и со неа можеа да се спасат 516 Тамари и да се платат оштети за 95,6 поплави како поплавите што ја зафатија Македонија годинава.panoramsko

На кејот на реката Вардар во центарот на Скопје, веднаш до галијата „Ројал Македонија“, почнаа подготовките за изградба на мост на кој ќе биде поставено панорамското тркало. Мостот ќе ги спојува Музејот на македонската борба од едната страна на Вардар и МЕПСО од другата. Предвидено е панорамското тркало да има 30 гондоли, секоја со капацитет за осум возрасни лица и за две деца, кои ќе се вртат до максимална висина од 73 метри. Со тркалото ќе стопанисува Јавното сообраќајно претрпијатие.

– Градењето на мостот и панорамското тркало е почнато во октомври. Во моментот се гради насип за темелење на мостот од десната страна. Во согласност со објавениот тендер за јавна набавка, за најповолен понудувач е избрана фирмата „Бетон“. Рокот за изградба е пет години, односно треба да се заврши до 2019 година. Вкупната сума на договорот за јавна набавка е 956 милиони денари, односно речиси 15,5 милиони евра – велат од ЈСП.

За лекување на малата Тамара Димовска од Велес, која боледуваше од искривување на ’рбетот, беа потребни 30.000 евра за седмиот оперативен зафат во странство.

Со парите за панорамското тркало можеше да се спасат 516 лица во ситуација кака таа на Тамара, која почина еден ден пред да стигне решението од Фондот за здравство за таа да се лекува во странство на трошок на државата, која ќе требаше да плати 30.000 евра.

Meta.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1