Париз под вода: Сена се крена шест метри (фото)


Поплавите во Париз се очекува во текот на денот да достигнат највисоко ниво, а водостојот на Сена ќе биде на шест метри над нормалното ниво.poplava-pariz-520x390

Временската прогноза предвидува нови врнежи од дожд во главниот град на Франција, како и во другите делови на државата, поради што се очекува францускиот претседател Франсоа Оланд да прогласи елементарна непогода во поедини делови на земјата, што ќе ослободи средства од фондовите за итни ситуации. Париз се смета за едно од најпогодените места.

Заштитни мерки се спроведуваат во целиот град на брегот на Сена, која ги проби насипите на неколку места. Лувр и Орсеј се затворени превентивно, а околу 25.000 луѓе во поширокиот реон на градот останаа без струја.pariz3-520x347 pariz5-520x347

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1