Паркет или ламинат?


Кога доаѓа време да се уреди подот, често пати паѓа дилемата дали да се избере паркет или ламинат. И двата производи имаат позитивни и негативни страни, а изборот треба да се направи според потребите, видот на објектот, финансискиот фактор

Во минатото паркетот беше масовно употребуван, а денеска ламинатот добива на значење и дел од пазарот. Со зголемувањето на популарноста на ламинатот, луѓето често пати се прашуваат што да изберат.

parketЛаминат. Конкуренција на популарниот паркет. Достапен е во многу дизајни и симулации на изглед на дрво (најчесто), камен и други природни шари. Површината на ламинатот е поиздржлива во однос на избледување, влага и оставање флеки, но недостатокот е што лесно се гребе, а тешко или невозможно е да се поправат изгребаните делови, за разлика од паркетот. Ламинатот е лесен за одржување и чистење, а исто така има долг век на траење. Ламинатите не се чувствителни на Сонце. Многу производители нудат гаранција од 5, 10, па дури и над 20 години доколку физички не се оштети. Ламинатите се лесни за инсталација.

Паркет. Инсталацијата е долготраен процес во повеќе фази и потребна е интензивна работа. Откако првично ќе се намести по потребни процедури, потребно е финиширање со брусење и лакирање. Кај чистењето потребна е претпазливост да не се оштети лакот од хемикалии за чистење. На пазарот постојат специјални средства за чистење и полирање на паркет. Паркетот доколку се изгребе постои можност за лесна поправка со брусење и повторно лакирање. Паркетите се чувствителни на сонце, т.е со долготрајна изложеност на силни сончеви зраци може да дојде до избледување и промена во изгледот. Најголем непријател на паркетите е влагата па затоа треба да се внимава паркетот да биде секогаш сув. Исто така не се прапорачува инсталација на паркет во простории со висок процент на влага. Паркетите придонесуваат за вредноста на домот. Имено, оние домови кои се со паркет се продаваат побрзо од оние со други видови на под. Што се однесува до декорот, паркетот се вклопува и во традиционалниот и во модерниот дизајн.

Ringeraja.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1