Парно во студентските домови има – дезинформација е дека студентите се смрзнувале


Државниот студентски дом – Скопје реагира на прилозите објавени на интернет порталите со кои  е направен обид за дискредитација на работата на нашата установи и за манипулација на јавноста преку изнесување на невистинити информации за состојбите со обезбедувањето на топлинска и електрична енергија во студентските домови, се вели во соопштението на Државниот студентски дом Скопје20121001-studenti-parno-kuzman

Соопштението во целост –

Би сакале да информираме во сите три државни студентски домови, системите за парно греење тековно се одржуваат и функционираат без проблем, а јачината на топлината е идентична како и во сите други објекти во градот кои се поврзани на централната мрежа. Секако, во услови на екстремно ниски температури на студентите им е дозволено да вклучуваат и дополнителни грејни тела.

Исто така, непречено се одвива и дистрибуцијата на електричната енергија. Иако, дефектот кој како резултат на ниските температури во настана во мрежата на ЕВН околу студентскиот дом “Кузман Јосифовски – Питу“, во текот на вчерашниот ден е саниран, за што ја информиравме јавноста, сепак за двата портали денес не постои пречка за повторно објавување невистини.

Уште еднаш, апелираме да престанат континуираните напади и обиди за дискредитација на работата на Државниот студентски дом – Скопје, затоа што континуирана е нашата грижа кон студентите и објектите во кои тие се сместени и престојуваат, во текот на целата година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1