Парното е скапо – еве како да се загреете со само едно дрво – ефикасно 100%


Студена зима, надвор ниски температури. Не дај Боже греењето ви се расипе, да снема електрична енергија, останавте да се смрзнувате. Но дури и да не се случи ова парното е толку скапо што добивате вртоглавица од сметките, а дома пак ви е ладничко.

Имаме одлични совети за тоа како да се загрее со помош на само едно трупче од дрво. Како?

Прво – земете едно трупче дрво по можност поголемко.

Второ-  до дома носете го на рака – без помошни помагала, колички или слично.

Ставете на среде соба. За да почне да функционира загревањето скокајте од една страна на друга, прескокнувајте го трупчкето неколку минути.

По само неколку минути ќе почувствувате пријатна топлина.

Покрај тоа што ќе ве згрее, ова ке ви користи и како фитнес за да имате добра линија па ќе ви заштеди и дополнителни пари за теретана или диети.

Уште нешто. Совет – за да имате централно греење ке мора трупчето да го ставите на среде соба – централно 🙂

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1