Партијата на Хашим Тачи победи во Косово


Со освоени 33,1 процент од гласовите на избирачите Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи победи на денешните предвремени парламентарни избори.

TACIСпоред досегашните резултати, со три отсто помалку гласови е пласиран Демократскиот сојуз на Косово.

Останатите партии освоија под десет проценти од гласовите на избирачите.

Излезноста на изборите изнесува околу 43 проценти.

Изборите поминаа во мирна атмосфера, а акцентот на партиите во кампањата беше ставен на економските програми.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1