Паско Кузман: Да ги испразниме црквите пред други да ги испразнат


По серијата кражби, министерството за култура и управата пред два дена соопштија дека ќе се дислоцираат вредните предмети и икони од црквите кои се потенцијална мета. Но дали тоа е вистинскиот начин да се заштити културното наследство?

Паско Кузман во интервју за Прес24 вели дека е подобро да се заштитат отколку да ги крадат секој ден вредните икони.

23062012101410paskokuzman,, Изгледа дека нема друг подобар пристап кон таа работа. Подобро е да се испразнат црквите и да се знае точно каде се иконите, отколку да се испразнат црквите и да не се знае каде исчезнале иконите.  Механизми секако дека постојат. Само ние додека се договориме кои од нив да ги примениме, оние „другите“, веќе наголемо работаат.

Да сме вкупно посилни, ќе ги средиме прво тие „нашите“, „ортаците и јатаците“, а потоа и оние „другите“. Еден ден, верувам, и тоа ќе се случи. Дотогаш, треба навистина да ги прибериме вредностите и да ги депонираме на посигурни места, но, со заедничка согласност на одговорните чинители. Според мене, нема фајде од видео надзори во тие селски средини, алармни системи или слично. Тоа се празни работи. Најголем проблем се празните села, без жители, цркви без верници, или цркви со „сезонски верници“. Тоа е суштинскиот проблем,, вели Паско Кузман за Прес24

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1