Патешествие со охридскиот автобуски превоз – останал на автопат иако има карта (Фото)


Студентот од Скопје кој посака да остане анонимен моментално се уште се наоѓа на автопатот Охрид-Скопје, поточно кај селото Сливово и како што вели тој се смрзнува и чека во таа темница поради грешка и невнимание на охридската автобуска копманија, како што објаснува самиот тој.

galeb-kartaНеговото патешествие започнало на автобуската станица во Охрид кога отишол да си купи карта на релација Охрид-Скопје. Бидејќи од лични причини тој морал да биде кај селото Сливово кое е на половина пат меѓу Охрид и Кичево.

Неколкупати прашал дали автобусот ќе застане кај селото Сливово доколку тој чека на автопатот, по што добил потврден одговор дека автобусот кој тргнува од Охрид кон Скопје во 17:45 часот со сигурност ќе застане кај Сливово и тој ќе биде безбедно сместен во автобусот бидејќи со купување на картата тој е регистриран во листата на патници.

Патникот кога го здогледал автобусот почнал да дава сигнал и да мавта дека е тука, но автобусот само го одминал. Загрижениот патник веднаш се јавил на охридската автобуска станица да каже што се случило при што наишол на навистина недолично однесување на некој од вработените и по неколку минутното карање и викање по телефон конечно добил одговор дека ќе дојде бугарски автобус во 19:30 часот и ќе го собере за накај Скопје.

Наш новинар се јави во оваа охридска автобуска станица да ја потврди информацијата на гневниот читател ни беше кажано дека патникот не може да бара да биде собран со автобус кој вози порано, доколку има купено карта за автобусот во 19 часот.

Сепак, патникот реши да приложи доказ и да посочи дека компанијата не е во право и дека некогаш навистина не се грижи за своите патници, бидејќи како што може да заприметите и од фотографијата, патникот си има купено карта за тој автобус од 17:45 часот.

Целата сторија на – Пулс 24 

galeb-karta

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1