Патнички авион исчезна од радарот


Авионот на компанијата „Ер Алжери“ прво објави тревога, а потоа исчезна од радарот над Средоземното море, јавуваат светски медиуми.alzir avion

Авионот тип Боинг 737-600 патувал од Алжир за Марсеј, а набрзо по полетувањето е објавена тревога, а потоа авинот исчезна од радарот.

Во еден момент авионот се свртел и тргнал кон местото на полетување, но потоа му се губи секоја трага.

За сега не се знае од кој тип е тревогата, ниту дали слетал некаде авионот.

Не е познат ниту бројот на патниците, а авионот можел да прими до 123 патници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1