Авион на компанијата „Сингапур ерлајнс“ на лет за Милано се запали рано утрово откако принудно слета на сингапурскиот аеродром Чанги од кој и полетал.
Во инцидентот нема повредени, соопштуваат локалните власти.
Леталото се вратило на појдовниот аеродром по предупредувањето на ниско ниво на масло во моторот, но по слетувањето се запалил десниот мотор на боингот 777-300 ЕР, пренесува Ројтерс.
Пожарникарите набрзо ги изгаснале, а никој од 222 патници и 19 членови на екипажот не е повреден.