Еден американски пилот денеска пријавил дека од малиот авион со кој управувал над Мајами, еден од патниците му испаднал, изјави портпаролот на американската Федерална управа за авијација, Кетлин Берген.
Слушнавме повик – Мејдеј Мејдеј изгубивме патник – испадна од вратата …. викал пилотот и веднаш го упатил авионот на најблискиот аеродром каде слетале.
Крајбрежната стража и единици на Противпожарна единица во областа Мајами Дед го пребаруваат подрачјето југоисточно од аеродромот Тамајами, каде испаднал патникот