Долгогодишниот форензички паталог Мајкл Бејден, кој го ангажирал братот на Џефри Епстајн, рекол дека постојат докази кои укажуваат на тоа дека Епстајн бил задавен.
Ако се покаже дека тоа е вистина, тогаш тоа ќе значи дека тој не се обесил во затворската ќелија, како што се зборуваше во јавноста од порано.
Бејден во интервју за „Фокс Њуз“ ги изразил своите сомненија во наодите на њујоршките патолози, во кои се тврди дека е во прашање бесење.
Извештајот од обдукцијата предизвика многу шпекулации за смртта на милијардерот.
Бејден во споменатото интервју рекол дека „цврсто“ стои зад своите тврдења, бидејќи за 50 години кариера не видел такви видови на повреди при самоубиство.
Епстејн беше пронајден мртов во својата затворска ќелија во затворот Метрополитен на 10 август, со постелнината врзана околу вратот.
Тој се наоѓаше во затворот на Менхетен чекајќи судење за сексуално злоставување на малолетнички.
Американскиот милијардер од порано беше под специјален надѕор поради соменија дека може да изврши самоубиство, откако претходно бил пронајден во својата ќелија со модринки на вратот.
Медиумите од порано пренесуваа дека Епстајн бил добро поврзан со богати и моќни луѓе, помеѓу кои се и претседателите Доналд Трамп и Бил Клинтон, како и британскиот принц Ендрју.