Патријархот Вартоломеј: Не доаѓам во Македонија додека не се реши спорот меѓу МПЦ и СПЦ


Цариградскиот патријарх Вартоломеј нема да ја посети Македонија додека спорот меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Српската православна црква не биде решен, бидејќи нема да може да се служи заедничка литургија, изјави патријархот п опоканата за посета на земјата од страна на спикерот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски кој престојува во посета на Турција.

vartolomer veljanovski„Пред да се реши проблемот не би сакал да доаѓам. Не ќе може да реализираме заедничка литургија. Се надевам дека во кратка иднина ќе имаме решение“, рече Вартоломеј на денешната средба со претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, одговарајќи на неговата покана да ја посети Македонија.

Вељаноски, пренесувајќи ги поздравите од архиепископот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, изрази надеж дека патријархот Вартоломеј ќе даде свој придонес за МПЦ-ОА да го најде соодветното место во православниот свет, јави известувачот на МИА. „Православните христијани во Македонија се за решавање на црковниот проблем“, рекол Вељаноски.

Патријархот Вартоломеј рече дека за време на минатогодишната прослава во Ниш, претствници на СПЦ повториле дека спорот меѓу МПЦ-ОА и нивната црква има врска со ослободувањето на Јован Вранишковски. „Нашите српски браќа постојано повторуваат дека ова има врска со ослободување од затвор на владиката Јован. Без да се ослободи на оваа тема не може подлабоко да се разговара. Вашиот одговор го знам, но доколку има добра намера од двете страни ова ќе може да се надмине“, смета Вартоломеј.

Претседателот на македонското Собрание посочил дека доколку постои волја сите прашања се решаваат и оти е потребна малку волја од двете страни за да се надмине ова прашање. За средбата со цариградскиот патријарх Вартоломеј, Вељаноски во изјава за медиумите рече дека тој изразил надеж дека во догледно време ќе се реши црковниот спор и оти како што католичката и православната црква се зближуваат така и е добро тоа да се случи и во целиот православен свет, пренесе службата за односи со јавноста на Собранието на РМ

Во рамки на официјалната посета на Турција, Вељаноски имаше средби со претседателот на Големото национално Собрание Џемил Чичек, со турскиот претседател Абдула Ѓул и со потпретседателот на турската Влада, Булент Аринч.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1