Пациент починал во расипано возило на Брза помош


Пациент починал додека се поправал дефектот на возилото од Брза помош со кое тој бил испратен од Крива Паланка во Ургентниот центар во Скопје.

Дефектот настанал после наплатната рампа кај Романовце.urgenten brza pomos klinika

В.д. директорот на Здравствен дом Крива Паланка Јоцко Стефановски за порталот Сакам да кажам изјавил дека пациентот бил во многу тешка состојба и дека дефектот на амбулантната кола не е причина за неговата смрт.

Двајца пациенти во критична состојба вчера биле примени во службата за итна медицинска помош во Крива Паланка, кои веднаш биле препратени во Кумановската болница. Таму починал еден од пациентите, а вториот кој исто така бил во критична состојба бил препратен во Скопје.

– На патот за Скопје настанал дефект на возилото, за што утре детално ќе се знае дали откажале кочниците или пукнала некоја сајла. Среќа што возачот го стабилизирал возилото и успеале да застанат. Дефектот настанал откако ја поминале наплатната рампа кај Романовце. И овој пациент кој бил во тешка здравствена состојба починал. Веднаш е побарана помош од Куманово и Скопје. Од Скопје стигнало возило, но за жал пациентот веќе починал. Невкусно е да се коментира дека пациентите починале поради тоа што се случил дефект на возилото. Како што ми пренесоа дежурните лекари и двајцата пациенти биле во многу тешка состојба. Едниот е повозрасен пациент, кој имал симптоми на гушење, а вториот претходно бил на пресадување бубрег и веројатно нешто му се искомплицирало. Но ова се неофицијални информации, утре ќе имаме комплетна слика што се случило – изјави вчера Стефановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1