Пациент во душевната болница во Негорци по пошта си добил марихуана и дијазепам


СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.Б. (44) од с.Василево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.postar
На 23. септември минатата година во Јавна здравствена установа – Психијатриска Болница Негорци, при извршена проверка на поштенска пратка, наменета за пријавениот, пронајдена е кутија во која имало зипер кесе исполнето со 4,06 грама марихуана и 15 таблети диазепам.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1