девојка од Тузла покренала судски процес против Универзитетскиот клинички центар во Тузла поради тоа како што тврди таа била силувана со медицинскиот инструмент при редовниот гинеколошки преглед кој го направила во оваа установа.
Високообразуваната 35-годишна жена за време на прегледот била дефлорирана и наводно има сериозни трауми. Освен болката која ја претрпела и била нанесена и душевна болка. Засега тоа се само наводи бидејќи овој случај е предмет на судски спор а досега биле одржани неколку рочишта.
До дефлорирање на жената наводно дошло така што гинекогот кој го извршувал прегледот направил грешк и применил неадекватна постапка при прегледот, а претходно не го сфатиле предупредувањето на несреќната жена дека се уште е девица.
Кога се обидела да ја истера правдата на виделина наишла на молк кај надлежните. Наодот од доктор на кој ја темели својата тужба го направила во Република Српска, а докторите во Тузланскиот кантон во Федерацијата Босна и Херцеговина не сакале да одат против своите колеги доктори.
Случајот не бил третиран ниту во медиумите бидејќи не сакале да го објават, а сепак на крај оваа случка доспеала до јавноста благодарение на активисти и подржувачи на босанскиот портал www.doznajemo.com.