Познатиот бразилски писател Пауло Коељо на својот блог објави дека го бара сликарот, кого го сретнал во Прага во 1982 година, јави дописникот на МИА.
Објавувајќи две графики, Коељо пишува дека шетајќи по Златната улица со неговата сопруга во јануари пред 34 години, сретнал осамен сликар кој и покрај зимата работел на улица. Купил нешто од него, а уметникот му понудил да го наслика бесплатно, за што од писателот добил два подароци.
– Веројатно сега прави нешто сосема друго, тогаш имаше 25 години кога се сретнав со него. Ќе ми биде почесен гостин. Ќе го познаам, затоа што тој ќе мора да каже што му подарив тогаш, пишува Коељо.