Четириесетгодишниот професионален војник Драган Маноилов, според првичните информации, е осомничен за тројното убиство што се случи изутринава во Злетово во близина на Пробиштип.
Убиени се двајца мажи и една жена со огнено оружје. Убиецот што ги застрела веднаш избегал и полицијата трага по него .
На местото на убиството и околината присутни се засилени полициски сили, кои се уште трагаат по осомничениот за кој не се знае дали е вооружен. Маноилов во време на убиството бил на службена должност.
Неофицијално, како што пренесува Канал 5, убиени се пазарниот инспектор Методиј Димитровски и дедото и бабата на неговата сопруга кои се во бракоразводна парница.