Пазете каде пливате – Една од најотровните риби во светот уловена близу Будва


Искусниот рибар Илија задно со својата ќерка Анџелика вчера доцна попладне на длабочина од пет метри во Јадранското море уловиле возрасен примерок на една од најотровните риби во светот, риба со четири заби.

Според директорот на Институтот за биологија во морето, ова е втор пат овој вид да се најде во мрежите на рибарите од Рафајловиќ.riba500

Оттаму потврдиле дека се работи за една од најопасните риби која е позната по присуството на отров во црниот дроб, а нејзината консумација може да има тешки последици за човекот.

Надлежните апелираат туристите кои рекреативно си ловат риби на брегот, да внимаваат и да се консултираат по секој улов. Поради глобалното затоплување и високите температури создадени се услови за живеење на овој вид риба во Јадранското Море. Дополнително утврдено е дека дел од овие риби имале репродуктивна активност, па во иднина се очекува нов улов на овој вид.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1