Пазете се од новата болест


Откако во Велика Британија е забележан обид на самоубиство на едно момче, кое било опседната да направи совршено селфи, во Шпанија за прв пат е дијагностицирана целосно нова болест – „вокапитис“ (WhatsAppitis).

Првата забележана жртва од оваа болест е 34 годишна бремена жена, која на својот лекар и се пожалила на утрински болки во зглобовите. Докторката Инес Фернандез –Гереро, која работи во универзитетската болница во Гранада, вели дека пациентката никогаш претходно не патела од слични болки, а во деновите кои претходеле со тешки болки не била ниту претерано физички активна.

prsten brakВо научната работа која е објавена во списанието „Lancet“, докторката тврди дека е отстранета можност да кај неименуваната пациентка, станува збор за синдромот карпалног тунел или оштетен нерв. Случајот настанал веднаш по Божиќ. Бремената жена за Бадник била на работа, а на самиот Божиќ речиси шест часа го држела мобилниот телефонот во раце и по пат на (WhatsApp) одговарала на море од празнични честитки кои ги упатила на своите пријатели, колеги и роднини.

„Целото време ги поместувала палците за да може да чука на копчињата“, наведува нејзината лекарка и додава дека поради тоа зглобовите на пациентката отекле. „Дијагностицирав „vocapitis“ и препишав лекови против воспаление.

И препорачав исто така целосна апстиненција од користење на телефон и праќање на пораки“, наведува докторката, која новата болест ја спореди со нинтендинитисом, кој често се јавуваше во текот на 90-те години кај најпопуларните играчи на Нинтендо. Нинтендинитис е познат под името Нинтендо палец.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1