Пазете што ставате во уста: Овие бонбони ќе ви го изгорат јазикот (Фото)


Седумгодишниот Лаклан Чанак од Сиднеј, Австралија се здобил со тешки изгореници додека лижел бонбона. Очигледно е дека во Лолис бомбоните имало многу штетни состојки.

Хајлис од Австралија била шокирана кога видела што се случило со нејзиниот син откако изел бомбона.

bonboni11

На пакувањето на овие бонбони, имало препдупредување дека при конзумирање на повеќе парчиња може да предизвика привремена иритација на устата, но никој не знаел дека ова може да предизвика ужасни изгореници.

Седумгодишниот Лаклан се здобил со тешки изгореници на јазикот од бомбони кои очигледно имале премногу штетни состојки.

Таквите изгореници ја изреволтирале неговата мајка Хајли, па таа решила да објави фотографија на социјалната мрежа „Фејсбук“ од  јазикот на својот син за да покаже што предизвикале овие бонбони.

– Ми се слоши кога видов каков е неговиот јазик, тоа беше одвратна изгореница – објасни Хајли.rana-na-jazik-480x722

Лолис евидентно содржат киселина од јаболка, а се рекламираат како „екстремно слатки” за деца на возраст од четири години и над таа возраст.

Сепак, она што е очигледно е дека никој на предупредувањето не напишал дека создаваат изгореници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1