ПЦР тест за државјаните од Косово кои транзитираат низ Македонија


За транзит низ земјава, косовските државјани ќе мора да покажат негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа.

Ваква одлука донесе Комисијата за заразни болести, предлогот е доставен до Владата.

Ова следи откако Македонија се најде на црната листа во Финска,бидејќи во три наврати од Скопје во финскиот град Турку слетаа над 10тици позитивни патници на Корона. Случајот ја разбрануваа и македонската јавност, откако се покажа дека најголемиот дел се државјани на Финска и на Косово кои транзитираат низ Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека нема да дозволи нашиот аеродром да стои како место од каде излегуваат позитивни патници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1