Педофил од Битола присилувал мало дете да гледа порно-филмови, а се обидел и да го силува. СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Д.(50) за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, „полов напад на малолетник кој не наполнил 14 години“ во обид и „прикажување порнографски материјал на малолетник“ сторени при семејно насилство.
Во текот на август 2013 година, пријавениот во неговиот дом го присилувал деветгодишниот син на неговата вонбрачна сопруга да гледа филм со порнографска содржина, додека во текот на септември 2013 година без повод и причина физички ги нападнал неговата вонбрачна сопруга и нејзиниот син, а потоа се обидел да извршил полов напад над детето.