Осуден педофил кој сексуално злоупотребил 5 годишно девојче доби дозвола да го посвои 10 годишниот син на жената со која се гледал.
60 годишен педофил од Хелсингборг кој во 2004 нападнал 5 годишно дете, а осомничен е и за силување на тинејџерка, доби дозвола да посвои дете. Тој се оженил со мајката на детето во 2009, но таа починала. Нејзиниот 10 годишен син е со посебни потреби и никој од роднините не сакал да се грижи за него. И мајката и биолошкиот татко биле согласни, во случај на нејзина смрт, за него да се грижи очувот.
Социјалните служби процениле дека можноста педофилот пак да нападне е мала, но откако медиумите ја открија приказната најавена е посеопфатна истрага која ќе покаже дали очувот е способен да се грижи за детето.