Вереникот на Маја Маријана, Младен Шмакиќ, вчеравечер брутално ја претепал фолкерката, објавува српскиот „Блиц“
Видно потресена, во солзи и со модринки по лицето таа се јавила во Брза помош која ја пренела во Ургентниот центар во Белград.
– Веднаш рече дека мажот ја тепал. Изгледаше страшно, лицето и беше изобличено – вели извор од Ургентниот центар за „Блиц“.
По прегледот од неврохирург и снимање на главата утврдено е дека на пејачката и се нагмечени јагодичната коска и черепот, по што била префрлена на максилофацијална хирургија.
Таа денеска утро е пуштена од болница.