„Пејпал“ проценет на 44 милијарди долари


Системот за електронско плаќање Пејпал е проценет на 44 милијарди долари. Најголемата светска интернет аукциска куќа Ибеј планира да ја одвои во независна компанија, објави Фајненшал тајмс.paypal_pal

Акциите на Пејпал вчера беа вклучени во трговскиот систем на берза со напомена дека се „во очекување емисии“ и по мали колебања, нивната вредност е фиксирана на 36,4 долари.

На тој начин, Пејпал чини околу 60 отсто од пазарната капитализација на Ибеј.

Од 6 јули акциите на Ибеј се достапни во две варијанти – со право на добивање акции на Пејпал по реорганизацијата и без таква можност.

Официјалното раздвојување ќе биде на 20 јули. Акционерите во Ибеј ќе добијат по една акција во Пејпал на секоја акција во Ибеј. Пејпал за првпат спроведе иницијална јавна понуда во 2002 година по што Ибеј ги купи за 1,3 милијарди долари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1