Пеколен вторник: До 42 степени, попладне пак дожд и грмежи


Времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност, во попладневните и во ноќните часови ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

400-04236079Утринските температури од 15°C до 24°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 31°C до 41°C. УВ индекс 10.
Во Скопје во вторник тропски ден, ќе биде сончево и многу топло. Попладне со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 21°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 38°C. УВ индекс 10.
Во среда не очекува благ пад на максималните температури, но ќе продолжи сончевото и топло време.
Во среда ќе биде сончево, топло и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури од 14°C до 23°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 36°C. УВ индекс 8.
Во Македонија во четврток ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северн и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне  брзина и до 25 км/ч. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури од 27°C до 37°C. УВ индекс 8.
weather4all.com.mk
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1