Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии, напиша Стево Пендаровски на својот фејсбук профил откако вчера доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција.
Посебна благодарност изразува до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои, како што наведува, направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.
-Почитувани граѓани, од вчера, ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што идат, имам намера, заедно со сите вас, да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот за сите во нашата земја, пишува Пендаровски на Фејсбук.