Нека ни е честит 2 Август – Денот на Републиката. На овој ден со благодарност се потсетуваме за цената што нашите предци – илинденците и учесниците во Народноослободителната и антифашистичка борба ја платија за нашата слобода и државност, напиша претседателот на државата Стево Пендаровски на својот фејсбук профил.
Првиот Илинден од 1903-та и вториот Илинден од 1944-та, како што посочува Пендаровски, се сведоштво за нивната непоколеблива волја и стремеж за слободна македонска држава.
-Тие се олицетворение на заедничката борба на сите луѓе за правда, еднаквост, демократија и достоинствен живот, независно од едничката, верската, идеолошката, социјалната или која друга припадност. Да ни е вековит Илинден. Да ни живее Републиката, пишува Пендаровски.